Одбележана годишнина од Февруарскиот поход

  • Новости
Во организација на Општина Делчево, денеска на планината Голак се одбележа 81-годишнината од Февруарскиот поход.
По тој повод беше организирана пригодна свеченост пред спомен-плочата која го чува споменот за походот на Народноослободителната војска на Македонија која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на Источна, Централна и Западна Македонија, а дел од маршрутата на Третата борбена единица била и планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово.
По повод годишнината од Февруарскиот поход, членови на КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944г., по што пред спомен-обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево, институции, претставници на политички партии, здруженија на граѓани.

Shares