1.Барање до Општина Делчево, Одделение за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот/клиент го пополнува,
2.Копија од лиценцата за вршење на посебен линиски превоз на патници (издадена од Министерерството за транспорт и врски);
3.Копија од извод од лиценца за возило (издаден од Министерството за транспорт и врски) со кој превозникот потврдува дека поседува најмалку едно возило во сопственост или по договор за лизинг (со најмалку 8+1 седиште) кое ги исполнува посебните техничко-експлотациони услови за вршење на превозот на патници;
4.Договор за превоз склучен со правно лице со список на патниците кои ќе се превезуваат (оригинал);
5.Временски термини за поаѓање и враќање во кои ќе се врши превозот (оригинал);
6.Вработени возачи во редовен работен однос кои ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата (се приложува копија од образец М-1/М-2 за секој возач посебно не постар од 60 дена);
7.Копија од сообраќајната дозвола за секое возило посебно;
8.Изјава за користење на личните податоци во текот на постапката (дадена во прилог на барањето).
Цел на дознака————————-Административна такса за дозвола за посебен линиски превоз
Назив на примачот——————–Трезорска сметка
Банка на примачот———————Народна банка на Република Македонија
Сметка————————————-100000000063095
Износ—————————————850,00 денари
Уплатна сметка————————-840 120 03182
Приходна шифра и програма——722315 – 00
Општински центар за услуги (ОЦУ)
Одделение за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај
Во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето
На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:
- лично подигање од ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
- по ПТТ пошта
8 дена од денот на приемот на решението
Закон за превоз во патниот сообраќај, член 43 и 44 ( Службен весник на Р. Македонија бр. 68/04 …… бр. 163/18)
Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината