Издавање на лиценца и изводи од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници

Вид - Име на услугата
Издавање на лиценца и изводи од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници
Потребни документи

1.Барање до Општина Делчево, Одделение за урбанизам,  заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот/клиент го пополнува
2.Доказ за упис во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај (тековна состојба не постара од 60 дена);

3.Доказ дека превозникот е сопственик на две или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила со најмалку 8+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз (копија од сообраќајните дозволи и потврди за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови за возилата );

4.Доказ дека има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила (минимум еден возач по возило) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата (список на вработени по обврзници не постар од 60 дена и М1/М2 образци за секој возач одделно);

5.Доказ дека управителот или овластеното лице има сертификат за професионална компетентност;

6.Потврда дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа или безбедноста во сообраќај со затворска казна подолга од една година, за правното лице и управителот во правното лице, не постара од 60 дена (од Основен суд).

7.Потврда од надлежен суд дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со затворска казна подолга од една година,  за правното лице и управителот во правното лице, не постара од 60 дена;

8.Изјава за користење на личните податоци во текот на постапката (дадена во прилог на барањето).

Административна такса

Кон барањето се приложува уплатница во износ од 6000,00 денари, цел на дознака – административна такса  за лиценца за општински линиски превоз на патници, назив на примачот – Трезорска сметка, банка на примачот – Народна  банка на РМ, сметка – 100000000063095, уплатна сметка – 840 120 03182, приходна шифра и програма – 722315 – 00.

Прием на барањето

Општински центар за услуги (ОЦУ)

Место на реализација

Одделение за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај

Рок на реализација

Во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:

  • лично подигање од  ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • по ПТТ пошта
Рок на жалба

8 дена од денот на приемот на решението

Законски основ

Закон за превоз во патниот сообраќај, член 8 ( Службен весник на Р. Македонија бр. 68/04 …… бр. 163/18)

Забелешка

Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината