ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Податоци за училиштето
Назив на училиштето ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево
Адреса ул. „Методи Митевски Брицо“ ББ Делчево
Контакт тел.: 078/267-541; 033/410-920
Раководно лице Горан Димитровски
Веб-страна svklimentohridski.edu.mk
e-mail: ou-svetiklimentohridski-delchevo@schools.mk

 

  • Број паралелки по одделенија

 

одделение I II III IV V VI VII VIII IX
број паралелки 5 6 7 6 6 6 7 7 7

 

  • Број на ученици (родово разделени податоци)

 

Одделение Машки Женски
I 28 35
II 34 21
III 23 26
IV 24 16
V 32 23
VI 34 34
VII 28 37
VIII 26 25
IX 30 23
вкупно 259 250

 

  • Број на вработени (родово разделени податоци)

 

Работна позиција мажи жени наставен јазик
Наставници 32 55 македонски јазик
Раководни лица 1 / македонски јазик
Стручни соработници / 5 македоснки јазик
Административна служба / 4  
Помошно-технички персонал 12 6  

 

  • Наставен јазик

 

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево наставата за сите ученици се одвива на македонски јазик.

  1. Електронски упис на ученици, опис на постапката, пристап до услугата

 

 

До оваа учебна година во ООУ „Св. Климент Охридски“ не се вршеше електронски упис на децата во прво одделение, туку постапката за упис на деца се врши со праќање покана до адресата на живеење на детето или достава лично на родителот, според списокот добиен од надлежните служби во единицата за локална самоуправа и закажан термин за упис во просториите на училиштето. Постапката се вшри со тестирање на предзнаењата на децата од страна на комисијата за упис на деца во прво одделение, формирана од страна на директорот, интервју со родителот и прибирање на потребните податоци и документација за детето, согласно чл. 60, 61 и 63 од Законот за основно образование.

 

 

  1. Актуелни информации за ученици и родители.

 

 

Наставата во ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево за сите ученици од прво до деветто одделение, во централното и подрачните училишта се одвива на македонски наставен јазик, во една смена од 08:00 до 13:25 часот, со вкупен број на ученици 509, од кои вкупно 259 машки и 250 женски. Во нашето училиште има 3 паралелки за ученици со посебни образовни потреби и тоа VII, VIII и IX одделение, во кои учат шест ученици. Во петте подрачни училишта учат вкупно 116 ученици од кои 65 машки и 51 женски.

Учениците редовно учествуваат во бројни натпревари, конкурси, изложби, базари, хуманитарни акции и други воннаставни активности, со што го зголемуваат своето знаење, вештини и умеења, а исто така го афирмираат училиштето во општината и пошироко.

Родителите се известуваат редовно за успехот на нивните деца, преку евидентните листови на тромесечие, полугодие и свидетелство за крај на учебна година, како и за време на редовните и вонредни родителски средби со наставниците и стручните соработници кога тоа е потребно.