ООУ “Ванчо Прке”

Назив на училиштето ООУ ,,Ванчо Прке’’
Адреса ул. Никола Ј. Вапцаров бб. Делчево
Контакт Тел. 033 511 399

Email: ou-vanchoprke-delchevo@schools.mk

Директор Горан Велков
Веб страна на училиштето www.vancoprke.edu.mk
Број на паралелки по одделенија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Одделение

 

Број на паралелки
I 3
II 3
III 3
IV 3
V 3
VI 4
VII 4
VIII 4
IX 4
С. Звегор
I 1
II 1
III 1
IV 1
V 1
С. Габрово
I /
II 1
III /
IV 1
V /
Вкупно                  38
Број на ученици  

Централно

 

м ж вкупно
237 234 471
ПУ  с. Звегор

 

 

м ж вкупно
6 6 12
ПУ с.Габрово

 

 

м ж вкупно
4 4 8
Вкупно 247 244 491
Број на вработени м ж Вкупно
31 48 79
 

Наставен јазик

 

 

Македонски јазик

 

Електронски упис на ученици

 

Електронскиот упис на учениците се врши преку веб страната uslugi.gov.mk , со пополнување на апликацијата за упис и прикачување на бараните документи во скенирана форма.
Услови за упис во прво одделение:

–          Детето да има наполнето 6 години до крајот на календарската година. По исклучок може да се запише иа ко е  до 31 јануари наредната година, но на барање на родителот/старателот и по добиено мислење од педагошко психолошката служба во  училиштето

–          Примени задолжителни вакцини

–          Извршен стоматолошки преглед од надлежна здравствена установа

–          Извршен офталмолошки преглед

–          Доколку родителот дава информација дека детето е дете со попреченост да се достави и функционална процена од стручната комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ

Постапка :  Откако ќе пристапите на веб страната на uslugi.gov.mk најпрвин треба да се регистрирате. Потоа во полето Пронајди услуга потребно е да го изберете делот Образование и обуки , по изборот Ви се отвара дел на кој треба да го изберете полето Школска, одкако ќе го изберете го поронаоѓате полето Запишување на дете во прво одделение во основно училиште каде ќе го најдете делот Аплицирај и ќе ја пополните апликацијата за упис.

 

Актуелни информации за ученици и родители Во месец септември во употреба беше пуштено инклузивно игралиште со цел создавање пристапна и стимулативна средина за учениците со попреченост.

Во чест на 20 ноември –   Светскиот ден на детето е спроведена хуманитарна акција на тема ,, Хуманоста е бисер сокриен во школката – срцето на детето’’.

За учениците од прво до петто одделение беше организирана куклена претстава ,, Детски музички уренебес’’ на кој учествуваа познатиот хумурист Војче Китановски и неговиот соработник куклар Валентино.

По повод Светскиот ден на децата со посебни потреби се изведе драмата ,, Македонски туризам’’, на која учество земаа учениците од драмската секција, а влезниците за корисниците од Дневниот центар за лица со посебни потреби Делчево беа бесплатни.

 

Како дел од одбележување на новогодишните празници се организира ,, Новогодишен базар’’ со хуманитарен карактер.

 

Во употреба се пуштени дел од санитарните јазли кои беа реконструирани, со што нашето училиште стана единствено во Општина Делчево кое има тоалети за ученици со посебни потреби.

Во почетокот на месец фебруари започнаа да се реализираат општиснките натпревари на кои наши ученици се здобија со високи бодови и се пласираа за учество на регионални натпревари.

Во тек е реконструкција на училишната фасада со што нашето училиште ќе добие нова енергетски ефикасна фасада.