Согласно чл.82 од Законот за локална самоуправа (,,Сл. Весник на РМ,, бр.5/02) и член 81 и 82 од Статутот на Општина Делчево (,,Сл. Весник,, бр.12/2006), донесен е Правилник за основање и работа на Урбаните и Месните заедници во Општина Делчево. Во изминатиот период основани се и активно работат 5 Урбани и 16 Месни заедници. Оваа организација на месните и урбаните заедници е направена според постоечката територијална поделба на Општина Делчево, дефинирана во Статутот на општина Делчево.
Со цел на зголемување на нивото на соработка на граѓаните од У.З/М.З преку Советите до Градоначалникот и органите на Локалната самоуправа, согласно упатствата на Правилникот за работа на месни и урбани заедници се препорачува претседателите на Советите да остваруваат почести контакти и разговори со жителите од нивното подрачје на простирање на соодветната месна/урбана заедница, со цел за поефикасно систематизирање и обработка на предложените иницијативи, предлози, решенија и сл. Притоа потребно е претседателите на У.З/М.З. да ги соопштат правата и обврските на нивните сограѓани, согласно законската регулатива за новата територијална поделба и во тој контекст дејствувањето на У.З/М.З.