Што можам да пријавам?

Е-Општина – Пријави проблем

Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.

Упатство за користење на системот

Од листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.

Што се можете да пријавите од листата:

Улично осветлување

  • пријавете дефект на улично осветлување.

Улици, патишта и тротоари

  • пријавете  оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон;
  • пријавете работа на патишта, улици и тротоари

Објекти склони на рушење

  • пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл.

Урбана опрема

  • пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови.

Градба и бесправна градба

  • пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект.

Животна средина

  • пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води (реки и езера);
  • пријавете долготрајна и честа појава на бучава од угостителски објекти, работа на машини и постројки.

Отпад

  • пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа.

Јавно зеленило

  • пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта.