Планинарски марш на Голак по повод 76 години од Февруарскиот поход

По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата, јавните преторијатија, институции, политички партии и други, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ.

Во рамките на одбележувањето на 76-годишнината од Февруарскиот поход, учесниците на планинарскиот марш, ќе положат свежо цвеќе пред спомен -плочата на Февруарскиот поход, ќе бидат доделени благодарници од Општина Делчево на учесниците на маршот. За учесниците на маршот, организаторот има обезбедено ручек и топол напиток (чај).

 Програма:

23.02.2020 година (недела)

07:15 часот -Тргнување од пред Спомен-домот АСНОМ во центарот на Делчево на учесниците во маршот (маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда). Патеката е долга 24 километри (во двата правци).

11:15 часот –  Свеченост по повод 76-годишнината од Февруарскиот поход и полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход.

12:30 часот – ручек

14:00 часот: Враќање на учесниците по истата патека, Голак-Делчево.

Пријавување за учество на настанот кај лицето Љупчо Чучуковски на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.

Shares