Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,193/2015,31/16,163/16 и 64/18), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Делчево, дека се распишува:

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014, 42/2015, 44/2015,193/2015, 31/16,163/16 и 64/18), во првиот квартал од 2020 год.

  • Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање.
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае 31 ден, сметано од објавата во дневното гласило “ Слободен”.
  • Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Делчево, www. delcevo.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општината.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Делчево или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Делчево за 2020 год.
  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица. 

 

                                                                   Општина Делчево
                                                                                             Градоначалник
Горан Трајковски

Shares