Општина Делчево ги информира граѓаните дека отвори денарска донаторска сметка со цел прибирање донации за хуманитарни цели наменети за социјално ранливи категории и во насока за потребите од превенција и спречување на појавата од ширење на заразата од КОВИД 19 на територијата на Делчево.
Заинтересираните донатори и хумани граѓани донациите можат да ги уплаќаат на следната сметка:
Назив на примач: Општина Делчево
Банка на примач: НБРСМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на корисник: 7200140320785Н3
Приходна шифра за правни лица: 744111
Приходна шифра за физички лица: 744211
Програма: 00
Цел на дознака: донација
Средствата треба да се уплаќаат на образец ПП 50.
Инаку, на барање на нашите иселеници, Општина Делчево отвори и девизна сметка на која ќе можат да донираат наши сограѓани кои живеат и работат во странство. Уплатите од странските држави може да се вршат на сметката на следниот ЛИНК