Известување за правила за движење за сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

Општина Делчево согласно известувањето од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да го известат Општинскиот кризен штаб Делчево каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење неевидентираните земјоделците треба да ја најават во ОКШ Делчево, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека ОКШ Делчево нема да издава дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици.

На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Пријавување ќе се врши од 18.00 до 20.00 часот на телефонскиот број 070/309-630 кај лицето Ванчо Новоселски.

Shares