Политичките партии кои учествуваат во Парламентарните избори 2020 година, денеска во Делчево се согласија на почитување на утврдените места за истакнување за изборни плакати без надоместок. На политичките партии учесници во изборите им се определени соодветни локации согласно со Одлуката донесена на Советот на Општина Делчево, а со која се утврдени местата за истакнување изборни плакати на организаторите на изборната кампања, како и Изборниот законик.
На состанокот, покрај претставници од Општина Делчево и МВР Делчево, присуствуваа претставници од Коалиција „Можеме“, ВМРО ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, додека додека претставниците на политичките партии ИНТЕГРА и ПП „Глас за Македонија“, иако најавија учество, не присуствуваа на состанокот. Општина Делчево во текот на утрешниот ден ќе изврши обележување на просторот определен за рекламен материјал на политичките партии.
Согласно со Одлуката донесена на Советот на Општина Делчево, определени се следните локации за истакнување изборни плакати во Општина Делчево:
А) во градот Делчево:
- -пред седиштето на политичките партии секоја партија може да постави монтажно-демонтажна рекламна табла со максимални димензии 2х1 метар;
- – потпорен ѕид кај СОУ „М.М.Брицо“;
- -потпорен ѕид на бул „Македонија“;
- -потпорен ѕид на М5 под царински терминал;
- -потпорен ѕид на ул „Пере Тошев“;
Б) Во останатите населени места изборните плакати можат да се истакнуваат на објекти сопственост на Општина Делчево, но и на други станбени и приватни објекти со претходна добиена согласност од сопственикот на објектот.
Од Општина Делчево апелираат до политичките партии за фер и демократски избори, и почитување на кодексот за фер избори.