Дезинфекција на административната зграда на Општина Делчево- Општината денеска нема да работи со странки

Денеска е извршена целосна дезинфекција на административните простории и помошните простории на Општина Делчево, како дел од мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот. Поради тоа, денеска службите, одделенијата и сектори во Општина Делчево нема да работат со странки. Редовната работа ќе продолжи од понеделник од 7,30 до 15.30 ч.
Воедно, ги информираме граѓаните да користат електронска форма на комуникација или телефонски да ги пријавуваат проблемите на надлежните служби.

Shares