Известување

Општина Делчево ги известува граѓаните кои имаат потреба од користење на услугите на општинската администрација кои не се од итен карактер, поради новонастаната состојба во општината со КОВИД 19, да се воздржат од нивно лично присуство во работните простории на општината.

За нивните потреби да се обратат на телефонот 033/411-550 или на електронската пошта info@delcevo.com.

Исто така апелираме граѓаните да се воздржуваат и од лично присуство и директни контакти и по останатите институции.

Работното време на општинската администрација од 25 август 2020 година (вторник) ќе биде од 08.00 часот до 14.00 часот.

Shares