Се известуваат жителите на Таушанско маало, населба Голем Рид како и сите граѓани дека согласно динамиката и известувањето добиено од страна на изведувачот ИЛИНДЕН АД Струга асфалтирањето на дел од улицата Маршал Тито, ќе продолжи и на ден среда 18.11.2020г. во времетраење од 09:00ч до 15:00ч при што сообраќајот ќе биде во прекин од крстосницата со улица Иво Лола Рибар до крстосницата со улица Солунска.
Возачите кои гравитираат кон населбата Голем Рид ќе може непречено да го користат алтернативниот пат преку локацијата Стара Пекара и Локалниот пат Л-1 Делчево – Тработивиште.
Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи и воедно апелираме да ја почитувате поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движите со намалена брзина и зголемена претпазливост.