Почитувани жители на општина Делчево,
Би сакале да ве поканиме на онлајн форум во заедницата кој Општината Делчево во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип, ќе го организира во рамки на Проектот „Низ женски леќи: покревање политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Делево, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината. Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани:
- I сесија 05.05.2021, 14:00-16:00 Дефинирање проблеми и предизвици
- II сесија 07.05.2021 Дефинирање на предлог решенија
- III сесија 10.05.2021 Презентирање на резултати и следни чекори
За учество на форумот регистрирајте се на следниов линк, каде по пополнувањето на краткиот прашалник на меилот кој сте го запишале ќе ви биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата со кликнување на линкот ќе бидете директно вклучени на Форумот. За времето на одржување на следните сесии ќе бидете известени на првата сесија.
https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIkfumgqz4oGNJcIG9zeMv3kge9BMtf8xHh