Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа“, за активноста „Грижа за стари лица“ (посета на старите лица, заедничко дружење, набавка на лекарства и други намирници, мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, пружање на елементарна грижа) да се пријават во просториите на Општина Делчево најдоцна до 30.08.2021 (понеделник) .
Пријавата може да ја пополни и трето лице во име на крајниот корисник на услугите од проектот „Грижа за стари лица“.
Критериуми според кои ќе бидат определени 24 крајни корисници се:
- Корисникот да не е пензионер или да прима минимална пензија,
- Корисникот да живее сам,
- Корисникот да не е во можност да ги извршува услугите кои се нудат со проектот.
Општина Делчево
Општински проектен координатор
Наташа Димитровска