По повод одбележувањето на 146-годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево во партнерство со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерството за култура, организира пригодна свеченост на 19 мај (четврток ) во с. Разловци со следната програма:
- 10,30 ч почеток на манифестацијата „Делчево го чествува аманетот“ во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“
- положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан;
- културно-уметничка програма.
Воедно в недела (22.05.2022) ќе се одржи и традиционалниот планинарски марш посветен на 146 годишнината од Разловечкото востание.
По тој повод, се покануваат сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан.