С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план (ДУП) за УЕ2, дел од урбан блок 2.6 мај 2022 предлог план 2019-2024- Општина Делчево

Република С Македонија                                                                                                                                                                УП 1 бр 08-17 од 08.06.2022  г     Општина Делчево

Врз основа на член  35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15,193/15,31/16,163/16,64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), а согласно  и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2022  година со Одлука бр. 09-2544/1 од 28,12,2021 година, од Советот на Општина Делчево,  Градоначалникот на Општина Делчево донесе:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета  за Детален урбанистички план (ДУП) за УЕ2, дел од урбан блок 2.6 мај 2022 предлог план 2019-2024- Општина Делчево

Овој локалитет е дефиниран со следните граници:

– По осовина на улица Новопроектирана – североисточна страна

– По осовина на ул.Маршал Тито – југозападна страна

– По граници на КП 8761/4, KП8761/2, КП 8764, КП8766 – југоисточна страна

Површина од 5.08 ха, Улици во рамките на опфатот на планот се : улица Маршал Тито,  Крушевска  и ,, Новопроектирана,,

Одлуката за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Урбанистичко-планската докуметација – Детален урбанистички план (ДУП) за УЕ2, дел од урбан блок 2.6 мај 2022 , предлог план 2019-2024 г- Општина Делчево  ќе биде изложена на Огласна табла на Општина Делчево, на продавница ,, ЕУРО ТИМ,, во населбата, на веб страницата на Општина Делчево и на системот е – урбанизам.

Јавната презентација ке се одржи на ден 30.06.2022 г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет ) со почеток во 11:00 часот и почетокот на јавната презентација воедно ќе претставува и почеток на јавна анкета, а истата ке трае 10 работни дена, односно заклучно со 18.07.2022 година, а приемот на анкетни листови и информации за планот може да се добијат од 8,00 часот до 15 часот во просториите на Општина Делчево во архива или соба бр/5 како и преку системот е – урбанизам . Во наведениот период и време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат и достават анкетни листови.

Заради обезбедување пристапност  во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде изложена на Огласна табла на Општина Делчево, на продавница ,, ЕУРО ТИМ,, во населбата, на веб страницата на Општина Делчево и на системот е – урбанизам.

Известување за ЈП ЈА за Субјекти член 32

Анкетен лист за ЈА и ЈП за Стар Монопол 01

Соопштение за ЈА и ЈП Стар Монопол

Решение за комисија за ЈА и ЈП за Стар монопол

Одлука за спроведување ЈА и ЈП Стар монопол

Општина Делчево
Градоначалник
 Горан Трајковски

Shares