Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека согласно Законот за данок на имот (Сл.весник на РМ бр. 61/04… 151/21) член 4, 7, 9, и член 29:
– Даночните обврзници се должни најдоцна до 31 јануари да поднесат даночна пријава за недвижен имот кој го поседуваат, а кој не е пријавен за оданочување.
– Даночните обврзници треба најдоцна во рок од 15 дена од стекнувањето со право на сопственост на недвижен имот или со право на користење, да го пријават имотот за оданочување кај општинската администрација.
– Обврзникот на данокот на имот од ставот (1) на овој член кој поднел даночна пријава нема обврска за истиот имот да поднесе нова пријава, доколку нема промени на податоците содржани во претходно поднесената даночна пријава, а кои се од влијание за висината на даночната обврска.
Со цел да се олесни постапката за пријавување на данокот на имот, која е обврска на граѓаните и на правните лица како даночни обврзници, како и пријавување на настанатите промени на податоците во врска со имотот подлежен на даночење и податоците на даночните обврзници, Ве покануваме да пријавите во просториите на Општина Делчево во Општинскиот центар за услуги.
За физички лица-граѓани потребни документи се фотокопија од имотен лист кој е изваден по завршување на постапката за легализација или купопродажба на недвижниот имот и лична карта на увид.
За правните лица потребни документи се фотокопии од имотен лист и тековна состојба од Централен регистар.
За подетални информации можете да се обратите на нашиот телефонски број 033/411–550.
Работно време на Општина Делчево,секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, пауза од 10:00 до 10:30 часот.