РЕШЕНИЕ за одобрување Проектна програма со кое се ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 0,4 MW на КП 4694/1 и КП 4694/2 – КО Град

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

УП 1 –  08- 6 од    24,02,2023  година

 

Врз основа на  глава 5 точка 2 и 3 и член 62 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 32/20 ), глава 3 од Правилникот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 225/20 ),  Барање за одобрување од бр. 0307-024 од 07,02,2023 г поднесено преку системот е – урбанизам  на 07,02,2023 г. и член 63 од Законот за Локална самоуправа ( Сл. Весник на Р.М. бр 5 /2002)  на ден 24,02,2023 г  Градоначалникот на Општина Делчево донесе:

 

 

РЕШЕНИЕ за одобрување Проектна програма

со  кое се ОДОБРУВА   Проектна програма за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 0,4 MW на КП 4694/1 и КП 4694/2 – КО Град, Општина Делчево тех.бр 067/11/22 од февруари 2023 г изработена од изработена од доо ТАЈФА ПЛАН Скопје  Лиценца бр.0018 со важност до 14,01,2026г г.

Постапка во  систем – 49411

Образложение

Општина Делчево започна постапка за Проектна програма за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 0,4 MW на КП 4694/1 и КП 4694/2 – КО Град, Општина Делчево тех.бр 067/11/22 од февруари 2023 г изработена од изработена од доо ТАЈФА ПЛАН Скопје  Лиценца бр.0018 со вжност до 14,01,2026г г. што е во согласност со законските одредби.

Постапка во  систем – 49411

Со барањето е приложена следната документација и докази:

  • Барање за одобрување бр. 0307-024 од 07,02,2023 г поднесено преку системот е – урбанизам
  • Проектна програма тех.бр. 067/11/22 од февруати 2023 г (pdf/dwg)
  • Полномошно бр. узп 5817/2022 од 24,11,2022 г
  • Полномошно бр. узп 1107/2023 од 20,02,2023 г
  • Имотен лист бр, 660 од 23,01,2023 г
  • Услови за планирање на просторот тех.бр. Y 64222 декември 2022 г
  • Решение за услови за планирање УП1-15 2509/2022 од 06,02,2023 г
  • Одлука за неспроведување стратегиска оценка и СЕА форма бр08-2668/1 од 21,12,2022 г
  • Прифатен одлука за неспроведување стратегиска оценка УП1 08-6 од 22,02,2023 г
  • Геодетски елаборат –ажурирана геодетска подлога бр 330/1-22 од 29,11,2022 г (пдф-двг)
  • Електронска заверка бр 1110- 31/2022 од 29,11,2022 г
  • Мислење од комисија УП 1 бр 08-6 од 22,02,2023 г

 

Градоначалникот на Општина Делчево  по извршениот увид во приложената документација и Предлогот  за одобрување од Комисијата за урбанизам УП 1 бр 08-6 од 22,02,2023 г  констатира  дека се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 32/20 )  и донесе решение како во диспозитивот.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО

Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот таксирана со 250,00 денари административна такса.

Решение од Градоначалник за одобрување ПП08-6 Величко

Проектна програма кор. 02.23-п-3

изработил:
диа Горан Петровски

одобрил
Звонко Атанасов

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски

Shares