Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23.06.2023 година, донесe
РЕШЕНИЕ за свикување на 25. редовна седница на Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 25. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 01.07.2023 година (сабота) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од Вонредната седница на Советот на Општина Делчево
- Предлог-за одобрување на средства за изградба на детска градинка во Општина Делчево, согласно донесена Програма на Влада на Република Северна Македонија ( „Сл.весник на РСМ“ бр.15/2022 година);
Образлагач: Билјана Прачковска- Секретар на Општина Делчево.
- Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година за периодот од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања.
- Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Лејла Анакиевска-Командир на Полициска станица од општа надлежност Делчево.
4.Одлука за усвојување на ажурирана Процена на загрозеност нса подрачјето на Општина Делчево од сите рзицици и опасности;
Образлагач: Драган Балас-Претставник на Регионалниот центар за управување со кризи-Делчево.
- Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на опоштина Делчево за 2023 година;
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- Стратегијата за безбедност на патиштата и Акцискиот план за Општина Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување;
8.Годишна програма за работа на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: По точките 7 и 8- Николина Петровска Мавродиева- Виш соработник за сообраќај и патишта.
- Предлог-Одлука за одобрување на спонзорство на Црковен одбор на с. Тработивиште;
10.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства по барање број 09-1319/1 од 21.06.2023;
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства по барање број 09-1373/1 од 21.06.2023;
12.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства по барање број 09-1378/1 од 23.06.2023;
13.Предлог-Одлука за финансиска поддршка на КУД „Гоце Делчев“-Делчево;
- Предлог-Заклучок во врска со барање од жители на Ново Делчево бр.09-1312/1 од 15.06.2023 година;
15.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект викенд-куќа зграда бр.2 по барање на Ѓеорги Костадинов;
- Предлог-Одлука за давање согласност на ООУ „Климент Охридски“-Делчево за формирање паралелки со помал број на ученици;
Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
17.Предлог-Одлука за давање согласност на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за формирање паралелки со помал број на ученици;
Образлагач: Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.
18.Прашања и предлози на членови на Совет;
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 1377 /1
23.06.2023
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Гоце Попов,с.р.