ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1-Хотелски комплекси на дел од КП 2097, КП 2098, КП 2105 и КП 2106 КО ДЕлчево

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16), Градоначалникот на Општина Делчево , на ден  06.12.2023 година, донесе

ОДЛУКА ЗА  НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

 

  1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1-Хотелски комплекси на дел од КП 2097, КП 2098, КП 2105 и КП 2106 КО ДЕлчево, Општина Делчево не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Делчево : delcevo.gov.mk.
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата , содржината и образецот на Одлуката за спроведување односно еспроведување на стратегиска оцена  и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена , одобрувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1-Хотелски комплекси на дел од КП 2097, КП 2098, КП 2105 и КП 2106 КО ДЕлчево, Општина Делчево  ,  нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Влијанијата кои ќе се јават во фаза на градба ќе бидат локални и со ограничен временски рок. За влијанијата кои можат да се јават  во фаза на  експолатација ( како што е зголемено ниво на бучава, несоодветно управување со отпадот) не се очекува да имаат значајни влијанија врз животот и здравјето на луѓето.
  4. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на  објавувањето на одлуката на веб страната.

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Хотел СПА SEA форма-ПРИФАТЕНО

Изготвил,
Горан Петров                                                                                       

ГРАДОНАЧАЛНИК,
Горан Трајковски

Shares