По повод одбележувањето на 80 години од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 23 февруари 2024 г. (петок) на планината Голак, а традиционалниот планинарски марш ќе се одржи на 25 февруари (недела) со почеток во 8,00ч.
Во рамките на одбележувањето ќе биде положено свежо цвеќе на спомен-плочата којa го чува споменот за успешно изведената воена операција на планината Голак, а преку реферат подготвен од членовите на КУД „Гоце Делчев“ ќе бидат изнесени историски факти за тактичката воена операција и нејзиното значење. За таа цел се повикуваат претставници на институциите, политички партии, здруженија на граѓани и заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе.
Тргнувањето за учесниците за настанот в петок е во 11.00ч од пред Спомен-дом АСНОМ.
Пријавување за учество на планинарскиот марш е кај лицето Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“, на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.
Тргнувањето за учесниците на планинарскиот марш в недела е планирано во 8.00 часот на 25.02.2024 година од пред Спомен-домот АСНОМ, а маршот ќе биде со следната маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда. Патеката е долга 20 километри (во двата правци).