Врз основа на глава 5 точка 2 и 3 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 32/20 ), глава 3 од Правилникот за урбанистичко планирање ( Службен
весник на Република С Македонија бр 225/20 ), Барање за одобрување од 04,12,2023 г поднесено преку системот е – урбанизам и член 63 од Законот за Локална самоуправа ( Сл. Весник на Р.М. бр 5 /2002) на ден 27,03,2024 г Градоначалникот на Општина Делчево донесе:
РЕПУБЛИКА С МАКЕДОНИЈА
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО –
УП 1 – 08 – 54 од 27,03,2024 година
РЕШЕНИЕ
Со кое се ОДОБРУВА Проектна програма за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура E1.8 – Водови за пренос на електрична енергија – “Каблирање со 10(20)кВ кабел, делница ТС 10/0,4 кВ Ѕвегор 2–ТС 10/0,4 кВ Ѕвегор 1” Општина Делчево бр 513/23 од 12,02,2024 г постапка во систем -57526
Образложение
Општина Делчево започна постапка за одобрување на Проектна програма за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура E1.8 – Водови за пренос на електрична енергија – “Каблирање со 10(20)кВ кабел, делница ТС 10/0,4 кВ Ѕвегор 2–ТС 10/0,4 кВ Ѕвегор 1” Општина Делчево бр 513/23 од 12,02,2024 г изработена од Студио ЏОН И ЏОНИ ДОО Прилеп Лиценца бр.0060 издадена на 25,11,2022 г.
постапка во систем -57526
Со барањето е приложена следната документација и докази:
-Проектна програма тех.бр. 513/23 од 12,02,2024 г
-Барање за одобрување бр. 513/23 од 04,12,2023 г
– Полномошно бр. УЗП 1459/2023 од 06,03,2023 г
– Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени бр.08-53/3 од 10,03,2023 г
– Известување за електронска заверка бр. 1110-19/2023 од 10,03,2023г
– Услови за планирање на простор тех.бр. Y36723 од октомври 2023 г
– Решение за услови за планирање на простор арх.бр. УП1 – 15 2301/2023 од 02,11,2023 г
– Предлог за одобрување УП1 08-54 од 26,03,2024 г
Градоначалникот на Општина Делчево по извршениот увид во приложената документација и позитивно мислење – предлог од Комисијата за урбанизам УП1 08-54 од 26,03,2024 г констатира дека се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 32/20 ) и донесе решение како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО
Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот таксирана со 250,00 денари административна такса.
57526 Проектна програма Ѕвегор
изработил:
диа Горан Петровски
одобрил:
Звонко Атанасов
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски