Покана за одбележување на 121 години од смртта на великанот Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 121 -годишнината од смртта на револуционерот и патронот на градот, Гоце Делчев, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 4 мај (сабота) 2024 г.

10.00ч положување свежо цвеќе на споменикот на Делчев во центарот на градот.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да оддадат почит кон ликот и делото на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев.

Shares