Република Северна Македонија
УП 1 бр 08 – 8 од 22,08,2024 г
Општина Делчево
Постапка 61359
Врз основа на член 62 став 10 и член 35 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2023 година со Одлука бр. 09 – 2561/1 од 31,12,2023 година, Градоначалникот на Општина Делчево го дава следново :
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1,3 MW на КП 4832, и КП 5403 – КО Габрово вонград, Општина Делчево. Т.бр.021/02/23 од мај 2024 г. Изработувач на Урбанистичкиот проект е Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје Лиценца бр. 0018 издадена на 14.01.2019 г што е во согласност со законските одредби
Проектниот опфат Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1,3 MW на КП 4832, и КП 5403 – КО Габрово вонград, Општина Делчево. е со проектен опфат со површина на проектниот опфат од 1.35 ha .
Проектната документација се изработува по прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Делчево и одобрена Проектна програма.
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1,3 MW на КП 4832, и КП 5403 – КО Габрово вонград, Општина Делчево. ке се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk
Јавниот увид ке трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 23.08,2024 г до 06.09,2024 год.
Во споменатиот период, заинтерисираните грагани и правни лиоца ид конкретното подрачје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина Делчево.
Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски