Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16), Градоначалникот на Општина Делчево , на ден 27.08.2024 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
- За планскиот документ Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на кружна крстосница помеѓу ул.,,Методи Митевски Брицо,, и бул.,,Македонија,, во општина Делчево, не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Делчево : delcevo.gov.mk.
Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата , содржината и образецот на Одлуката за спроведување односно еспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена , одобрувањето на планскиот документ Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на крстосница помеѓу ул.,,Методи Митевски Брицо,, и бул.,,Македонија,, во општина Делчево, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Крстосниците со кружен тек на сообраќајот како дел од патната инфраструктура претставуваат современи инженерски решенија кои овозможуват непречено, безбедно и канализирано движење на сообраќајните токови при што директно се влијае на подобрување на сообраќајните услови и безбедноста во сообраќајот. Со изградбата на кружната крстосница ќе се подобри сообраќајното решение со побрз проток на возила со што покрај другото ќе се влијае и врз намалување на количината на издувни гасови и бучавата кои во моментот се создаваат поради непотребно стоење на возилата. Изградбата на кружната крстосница ќе ги подобри перформансите на сообраќајната мрежа. Влијанијата кои ќе се јават во фаза на градба се проценуваат како малку значајни и со ограничен временски рок.
- Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Изработил:
Татјана Стојковска
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
Горан Трајковски