Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), а согласно Програмата за активностите на Општина Делчево за поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година(Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2025), Градоначалникот на Општина Делчево објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2025 година
Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2025 година кои се наменети зa финансиска помош на здруженија на граѓани согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), согласно Програмата за активностите на Општина Делчево за поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година(Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2025) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.
Се повикуваат сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.
- Приоритетните области и цели за финансирање на проектни и програмски активности се
- локалниот економски развој;
- техниката;
- образованието;
- културата;
- уметноста ;
- социјална заштита и родова еднаквост;
- заштита на животната средина.
Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево.
- Право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои ги исполнуваат следните општи услови:
- Да се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации најмалку 2 години пред објавувањето на повикот;
- Да дејствуваат на територија на Општина Делчево.
- Општи критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќе се пријава на овој повик се:
- Предлог проектите и програмите да кореспондираат со целите утврдени во стратешките документи, програми и планови на општината;
- Предлог проектите и програмите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области;
- Доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог-проектот и програмата.
- Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќе се пријава на овој повик се:
Критериуми | поени | |
1. | Организациски капацитет | 10 |
2. | Квалитетот на програмата/проектот | 80 |
Релевантност на акцијата (колку целите кореспондираат со стратешките документи на општината)
|
20 | |
Колку резултатите од активностите се остварливи и мерливи
|
10 | |
Ефекти во локалната средина (влијание
врз целни групи) |
20 | |
Видливост на проектот и негова одржливост (медиумска покриеност, број на обучени луѓе итн.) | 15 | |
Оргиналност и иновативност | 15 | |
3. | Буџет (соодветно изразени активности во
буџетот и оправданост на трошоците) |
10 |
- Потребна документација која треба да ја достават граѓанските здруженија :
- тековна состојба од Централен регистар на Р.М. не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;
- решение за упис во регистарот на Здруженија и фондации (Копија);
- предлог-проект ;
- годишна програма на активности за тековната година;
- извештај за искористени средства од Општина Делчево(за оние кои добиле средства во претходната година);
- профил на организацијата со листа на досега реализирани проекти- CV;
- изјава од одговорното лице на здружението дека за истиот проект нема одобрено или добиено финансиски средства од други институции или организации.
- Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на тековната година, односно до 31.12.2025 година.
- Висината на финансиската помош која поединечно може да ја добие здружението на граѓани во тековната година може да изнесува најмногу до 100.000денари.
- Рокот за пријавување изнесува 15 дена, започнувајќи од 03.02.2025 година а крајниот рок за поднесување на пријави е 17.02.2025 година.
- Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите
- Пријавата заедно со документација од точка V се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.
- Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ Не отварај“ и со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на граѓански здруженија “до архивата на Општина Делчево или по пошта на ул: Светозар Марковиќ. бр.1, Делчево.
- Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Делчево e-mail: info@delcevo.gov.mk со назнака со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на граѓански здруженија “.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Горан Трајковски