ИЗВЕСТУВАЊЕ до сопственици на станови на колективна станбена зграда

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани сопственици на станови на колективна станбена зграда,

Согласно член 20 од Законот за домување, Вие како сопственици на станови на колективна станбена зграда сте должни да се грижите за тековното одржување на заедничките делови на станбената зграда (замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни делови и сл.).

По член 62 од истиот закон, обврска на членовите на 3едницата на сопственици е да издвојуваат средства во резервниот фонд.

По член 59 од истиот закон, претседателот на Заедницата на сопственици ги презема сите работи што се однесуваат на управување со станбената зграда во име и за сметка на Заедницата на сопственици.

За сите опасности и ризици кои произлегуваат од колективното станбено живеалиште, односно од Вашата зграда одговорноста е на станарите од зградата.

 

 

                                                                                                                ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Shares