СОУ „Методи Митевски-Брицо“
ул. „Методи Митевски-Брицо“
тел. 078-372-870
email: mm_brico@hotmail.com
web: mmbrico.edu.mk
Раководно лице
ВД Директор Дијана Цонева
Наставата се одвива во СОУ “Методи Митевски – Брицо” во Делчево со вкупен број на ученици 351 и вкупен број на наставници 53.
Гимназиско образование
- Природно-математичка А комбинација
- природно-математичка Б комбинација
Општествено – хуманистичко подрачје
- комбинација А
Јазично – уметничко подрачје
- комбинација А
Стручно образование:
Текстилно – кожарска струка
- профил: конфекциски техничар
Хемиско технолошка струка
- профил: прехрамбен техничар
Во дворот на гимназијата Методи Митевски – Брицо изградена е спортска сала која покрај за активностите во рамки на образовниот процес, активно ја користат и спортски клубови и физички лица за спортски натпревари во фудбал, ракомет, одбојка, пинк-понг, гимнастика итн.
Во рамките на гимназијата постои и училишна спортска сала во која исто така се одвиваат покрај редовните часови по физичко образование и најразлични спортски натпревари во фудбал, ракомет, одбојка, пинк-понг, гимнастика итн.
Мисија
Средното општинско училиште ,,Методи Митевски Брицо,, е воспитно образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава, безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално емотивно социјално морално зрели личности достојни за почит во општеството. Главните цели на училиштето се учениците да се здобијат со трајни и употребливи знаења, со креативни и практични вештини овозможувајќи им своите интереси и способности да ги применат во сите области на работата и животот.
Визија
Современо европско училиште со јасно поставени стратешки цели за квалитет во образованието преку вклучување на научно технолошки постигнувањa, информатичка технологија, креативни методи и техники за активна настава иучење, тимска работа, партнерски однос со родителите и локалната заедница, изградени капацитети за децентрализирано образование. Светилник кој го осветлува патот до успехот на генерациите што доаѓаат за да го пронајдат заслуженото место под сонцето.
Број на паралелки по одделенија, број на ученици (родово разделени податоци) за учебната 2022/2023 година
Година | Насока | Број на ученици |
1-1 | Природно математичко подрачје комбинација Б | 11
3 машки/8 женски
|
1-2 | Природно математичко подрачје комбинација А | 19
6 машки/13 женски
|
1-3 | Природно математичко подрачје комбинација А/Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 26
6 машки/20 женски
|
1-4 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 11
5 машки/6 женски
|
1-5 | Техничар за изработка на облека/ Прехранбен техничар | 14
6 машки/8 женски
|
2-1 | Природно математичко подрачје комбинација А | 18
8 машки/10 женски
|
2-2 | Природно математичко подрачје комбинација А | 16
6 машки/10 женски
|
2-3 | Природно математичко подрачје комбинација Б/ Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 22
5 машки/17 женски
|
2-4 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 18
1 машко/17 женски
|
2-5 | Техничар за изработка на облека | 17
10 машки/7 женски
|
2-6 | Прехранбен техничар | 21 машко
|
3-1 | Природно математичко подрачје комбинација А | 19
11 машки/8 женски
|
3-2 | Природно математичко подрачје комбинација Б | 12
3 машки/9 женски
|
3-3 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 13
4 машки/9 женски
|
3-4 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 17
7 машки/10 женски
|
3-5 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 17
9 машки/8 женски
|
3-6 | Техничар за изработка на облека/ Прехранбен техничар | 10
8 машки/2 женски
|
4-1 | Природно математичко подрачје комбинација А | 20
15 машки/5 женски
|
4-2 | Природно математичко подрачје комбинација А/ Природно математичко подрачје комбинација Б | 16
5 машки/11 женски
|
4-3 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 18
9 машки/9 женски
|
4-4 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 20
8 машки/12 женски
|
4-5 | Општествено хуманистичко подрачје комбинација А | 19
10 машки/9 женски
|
4-6 | Техничар за изработка на облека/ Прехранбен техничар | 14
10 машки/4 женски
|
Број на вработени (родово разделени податоци) за учебната 2022/2023 година
63 од кои 18 машки и 45 женски
Електронски упис на ученици, опис на постапката за упис, пристап до услугата
Пријавувањето на учениците се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.