- Верски објекти
2.2.1 Цркви во општината
- Успение на „Св. Богородица“ – Делчево ( изградена 1858 г)
- „Рожденство на Пресвета Богородица“- капелна еднокорабна црква на градските гробишта, изградена во 1925 г.
- „Св. Ѓорѓи“- с.Град;
- „Св. Петка Параскева“ – с.Селник;
- „Св.Богородица“- с.Тработивиште;
- „Св. Атанасиј“ – с.Нов Истевник;
- „Св. Никола“ -с.Стар Истевник;
- „Св. Архангел Михаил“-с.Драмче; ( се смета дека е градена на крајот од 17 в. И почетокот на 18 век)
- „Св. Пантелејмон“ – Голак;
- „Св. цар Костадин и царица Елена“ – с.Разловци;
- „Св.Никола“- с.Вирче;
- „Св.Димитрија“- с. Габрово;
- „Св.Јован Крстител“- с. Ѕвегор;
- „Св. Еремија“- с. Стамер;
- „Св.Никола“ -с. Вирче.
- „Свети великомаченик Георгиј“-с. Бигла (градена1910 г. од кал и камен, но поради староста и слабата градба црквата се срушила Поради нејзиното паѓање, а со цел да не се оштетат иконите, на ден 14.05.2001 година со записник и знаење на тамошните црковни настојатели, иконите и другиот инвентар биле пренесени во црквата „Света Богородица“ во Делчево.
- Соборен храм „Св.Кирил и Методиј“- Делчево (во изградба)
- Параклис „Св. Климент Охридски“- Делчево;
- Крстилница „Св.Наум Охридски“- Делчево дел од комплексот на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ и во 2014 г е ставена во функција
2.2.2.Манастири
- „Св.Богородица – Источен петок – Балаклија“ (манастирски комплекс) постоел уште во 1915 г., а на старите темели на 6 јуни 1999г. бил обновен и осветен на 19.09.1999 г.
- „Покровна Богородица“ (манастирски комплекс), ревитализиран – недовршен;
- „Св. Ѓорѓи“ – с.Вирче;
- „Св. Илија“ – с.Ѕвегор;
- „Св. Петка“ – с.Црквенец.
2.2.3 Џамии
- Џамија „Султан Мехмед Фатих II“— стара османлиска џамија во градот Делчево изградена е во 1448 година во Средното или Турското Маало за време на владеењето на султанот Фатих Мехмед II и претставува најстарата градба во градот (иако денес е преизградена).
- Џамија во с.Град;
- Џамија „Али Паша“во с.Тработивиште;
- Џамија во с.Звегор;
- Џамија во с.Габрово;
Заштитени споменици на културата се црквите:
„Св. цар Константин и царица Елена“ во село Разловци,
црквата „Света Петка“ во село Селник и
црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Драмче.