Здравство

Примарната здравствена заштита во општина Делчево се остварува во ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев во чии рамки постојат и специјалистички ординации: специјалист за детска и школска медицина, специјалисти за интерна медицина, гинекологија, невропсихијатар, невролог,  рентгенолог, офталмолог и специјалист за уво, нос и грло.

Во општина Делчево има 12 приватни здравствени установи  и 13 приватни стоматолошки ординации, како и 6 активни аптеки. Во Делчево постои и Центар за хемодијализа кој опслужува пациенти од Делчево, Македонска Каменица, Пехчево и Берово.